– Дали верувате дека човек треба секојдневно да се распнува, било во семејството, во општеството или во историјата воопшто, до крајот на својот живот, очекувајќи го воскресението во вечниот живот?
– Би сакал, на еедн начин да го преместам центарот на вашето прашање од тоа, кога настапува воскресението во вечноста, на тоа, како треба да се разбира самото Распетие. Ќе почнам од подалеку, зашто од лично искуство знам колку неправилно се користи поимот „крст“ и „распнување“ во семејството. Да не забораваме од каде се позајмени тие зборови. Тие се непосредно поврзани со Крстот Христов, кој се јавува како простор на болката и страдањата на апсолутно безгрешен човек, невин за сè што му се случува. Да речеме, неочекувано умира или тешко се разболува некој наш близок – тоа е крст, зашто таквата ситуација се одразува на сите дома. Истото е и со тешкотиите кои се јавуваат при одгледувањето на децата, проблемите со нашето здравје и слично. Но, да се нарекува „крст“, како што тоа обично се прави, лошото однесување на сопругот или сопругата, кога и самите земаме големо учество во таа ситуација, со 50,60,70% или повеќе, тоа не е само грешка, туку и хула во однос на Крстот.
Опитот во сопружничките односи покажува, дека во голема мера и самите сме одговорни за недостојното поведение на другиот, дури и да не сме секогаш свесни за тоа. Веќе ја допрев таа тема, кога зборувавме за кризата во бракот, кога нашата половинка ни станува непријател, во целата сложеност на поимот: „Тој е таков и таков! Се разбира, и јас не сум идеална, но сите проблеми ги создава тој, таков му е карактерот“. А вусшност, моето сопствено поведение може да го дразни, задушува, да го става во безизлезна ситуација другиот човек, и го прави да реагира онака, како што тој знае – со викање, злоба, кавги. Но тоа е многу сериозна тема, за да се зафатиме да ја разгледуваме сега, и да расудуваме како ние влијаеме врз другите луѓе. Се допревме до неа, за да ви обрнам внимание дека не треба неодговорно да го користиме зборот „крст“. Ако ги занемаруваме подобните животни ситуации, не можеме да зборуваме ни за очекувањето на Воскресението. А ако зборуваме, тоа да биде со разбирање на значењето на Крстот. Знаете ли, што претставува нашиот личен крст? Тоа е способноста да го разбереме она што се случува со нас и негоивот карактер. Во таа смисла, поимот „наш крст“ се совпаѓа со поимот „Крст Господов“. На тој начин, акцентот се променува, и веќе не велиме – „мојот крст е мојот сопруг(а)“, но – „мојот крст, сум самиот јас, со сите мои недостатоци“.
Така говореле и светителите. Тие велеле, дека живеат во рајот, и сите проблеми се во самите нив, зашто се обземени од страсти и потчинети на гревовите. Ние сме далеку од тоа, но и покрај сè, не треба да го користиме зборот „крст“ во однос на семејните конфликти. Ако расудуваме на тој начин, ќе дојде и Воскресението, кое можеби и не се изразува во промената на карактерот или на нашите семејни односи – иако, понекогаш се случува и тоа – но тоа ќе биде за нас постојана и спокојна утеха, помош и поддршка, која Господ ќе ни ја испраќа со Својата благодат.
Извор: http://pravoslaven-sviat.org