На 01.01.2017 г., во 28-та Недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на Светиот маченик Бонифациј; Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски; Свети Бонифатиј Милостив, епископ Ферентиски; Преподобен Илија Муромец; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи сеноќно бдение во манастирот Успение на Пресвета Богородица, во Јанковец.
На Бдението, верниците имаа можност да се поклонат на честица од дрвото од Мамврискиот Даб, и камче од Гробот Господов, кој само ден претходно беше донесен како благослов од поклоничкото патување во Ерусалим, на настојателот на манастирот, јеромонах Спиридон, со група православни верници.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.