Семинар на Асоцијацијата професори по Етика на религиите во Битола

На 28.10.2017 г., во Битола,  Асоцијацијата на професори по Етика на религиите одржа семинар на тема „Христијанското образование во Европа“. На семинарот се зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат професорите и самиот предмет во современото општество, како во Македонија, така и во странство. 

IMG_8816

На семинарот присуствуваа и гости од Бугарската Православна Црква: Костадин Нушев (доцент на Богословскиот факултет во Софија) и Александра Карамихалева (Претседател на одделот за надворешни врски на БПЦ), кои истакнаа дека разменувањето на искуствата може многу да придонесе во справувањето со предизвиците и подобрувањето на програмата.
IMG_8813 IMG_8814IMG_8808

Пригодно слово одржа и надлежниот Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар.