При крај е изградбата на првиот храм на Света Гора во чест на преподобен Пајсиј Светогорец – соопштува порталот „Русский Афон“.
Храмот се гради во келијата на Воскресението Христово во Капсала, изградена по благослов на старец Пајсиј, на Света Гора.
Изградбата на храмот започнала во јули, 2016 г., набргу по канонизацијата на преп. Пајсиј. Во овој момент, завршени се надворешните работи околу изградбата на ѕидовите и куполата, и се работи на внатрешните завршни работи. Се очекува целата работа да се заврши за неколку месеци. Монашката општина се надева, дека осветувањето на црквата ќе биде меѓу средината на есента оваа година и јуни 2018 г.
Проектот беше изработен и се остварува од старец Ефимиј, кој е духовно чедо на свети Пајсиј Светогорец и старец Исак, кои исто така бил ученик на овој почитуван светител од нашето време.
По благослов на преп. Пајсиј, отец Ефимиј создал монашка општина во келијата на Воскресението Христово во Капсала. Тој исто така, ја помогна популаризацијата на биографијата на преп. Пајсиј, составена од старец Исак, кој бил пострижен за монах од старец Пајсиј.