На 20.09.2017 г., во предвечерието на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во храмот посветен на овој празник, во село Новаци, Битола.
Тропар, глас четврти
Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му возвести на целиот свет,зашто од Тебе изгреа Сонцето на правдата – Христос, Бог наш;и откако ја урна клетвата, ни даде благослов;кога ја уништи смртта, ни даруваше вечен живот.