Силно се заострија односите меѓу Грчката црква и државата

Откако грчкиот Парламент го изгласа законот за промена на полот, се заострија односите меѓу Грчката Црква и државата, а Свештениот Кинот на Света Гора го повика народот на протести. Законот го поддржаа 148 пратеници од неопходните 151; 124 пратеници гласаа против, 13 беа воздржани, но поради особеностите на грчкото законодавство (бидејќи имало воздржани), законот бил прифатен. Во гласувањето учествувале вкупно 285 пратеници од 300.

Протестите во врска со скандалозниот закон „за слободна промена на полот“ испровоцираа реска реакција кај државните чиновници.

Бившиот министер за образование, пратеник во владеачката партија Никос Филис, од парламентарната трибина ја обвини Црквата за мешање во политиката и нарушување на „правата на луѓето“.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас ги повика пратениците да пројават „политички хероизам“ и да го поддржат законот за „слободна промена на полот. „Ние живееме во Европа – што значи се стремиме кон прогрес, а не остануваме во мракобесие. Ги рашируваме правата на луѓето и ја модернизираме земјата… Никоја традиција, никоја религија не може да биде над правото на луѓето“.[1]

cipras

Светиот Синод на Еладската Православна Црква ги повика пратениците од грчкиот парламент да го отфрлат законот „за слободна промена на полот“.

Во известувањето од Синодот, се потенцира дека законот е „насочен против институтот на семејството и ја уништува идентичноста на човечката личност“.[2]

Понатаму се вели: „таканаречената политичка елита, демонстрирајќи ја својата празноглавост и провинцијалност, како мајмун копира сè со ред од земјите со поинаква историја, традиции и морал“.

Правото за слобода на говор во однос на Црквата има многу едностран и дискриминирачки карактер: „Кога некој зборува лошо, ја навредува, клевети Црквата и нејзините служители – слободата на зборот станува безгранична и „свештена“. Кога пак Црквата зборува – ѝ го негираат правото на глас“.

ieronim

Позицијата на Црквата

Еладската Православна Црква реско го искритикува предлог-законот и ги повика на одговорност пратениците. „Секој човек носи лична одговорност за својот избор“ – рече архиепископот Атински Јероним, по повод предлок-законот за промена на полот.

„Ставот на Црквата е цврст по овие прашања. Жал ми е, што имаме толку многу проблеми, глад, сиромаштија, а се занимаваме со вакви работи. Ние не сакаме нашите деца да бидат измачувани. Кој знае, што ќе ни речат потоа кога ќе пораснат?“ – рече Архиепископот Јероним.

Синодот во соопштението од изминатата недела вели зборува за тоа, дека полот на човекот е назначен одозгора и темелејќи се на психосоматското взаемно дополнување, служи како тајна на животот и љубовта. „Во таа смисла, тој не може да се избере, но претставува божествен дар на човекот, кој треба да го цени“ – се вели во соопштението, – „Покрај тоа, овој закон го уништува семејството како свештена институција, му противречи на моралот и здравата смисла и го уништува човекот во неговата основа. Примањето на овој закон, наместо намалување на психичките растројства, ќе ги зголеми.

Законот за „слободна промена на полот“ стана помалку популарен дури и од новите налози. Според анкетата, направена неколку дена пред гласањето, 71,7% од анкетираните се искажаа против промена на полот на неполнолетни деца. Анкетите на телевизиите по улиците на грчките градови покажаа, дека дури и младината смета дека 15 години се премногу рана возраст за донесување на одлуки за иднината за толку важно прашање.

Реско се изјасни и митрополитот Гортинскиј Еремија: „Зошто властите ни го наметнаа овој валкан закон, кога народот го отфрли. Зарем тоа не е диктатура?

За законот, кој го повредува високото достоинство на човекот и неговиот идентитет требаше да се спроведе референдум.

Но злото се случи, законот е прифатен. Примајќи вакви закони, грчката држава го следи патот на уништувањето на други народи. Гревот се искачи на тронот и владее. Живееме во предвечерието на зацарувањето на антихристот. Но, не плашете се. Победник на крај ќе биде Господ наш Исус Христос“.

Извор: agionoros.ru

[1] http://news.in.gr/greece/article/?aid=1500166572

[2] http://www.romfea.gr/katigories/10-apopseis/17460-h-ekklisia-den-nomothetei-alla-kai-den-siopa