Раѓањето на Христа – Божик

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Пред нас е иконата на Раѓањето на Христа којашто го објаснува целосно значењето на денешниот празник.

Во аголот долу-десно го капат новородениот Христос. Еве го доказот за тоа дека Господ навистина стана човек – не може да се капи идеја или мит или ангел. Меѓутоа, ова капење има и друга смисла – тоа го претставува идното Крштение на Христа од страна на св. Јован Крстител.

Во аголот долу-лево стои праведниот Јосиф, Свршеникот. Тој стои далеку, покажувајќи со тоа дека не е таткото на Детето-Христос. Тој само ја чува Девата. Ѓаволот се обидува да го воведе во искушение. Но, како што знаеме од Писмото, Јосиф одолеа на тие искушенија и ја чуваше Светата Дева сѐ до крајот. Со тоа, тој станува пример за сите мажи коишто се повикани да ги заштитуваат своите жени.

Во срединшниот дел, оддесно стојат овчарите коишто дошле да го слават Христа; од лево, пак, стојат ангелите коишто дошле за да го прават истото. Се потсетуваме на химните на Црквата – дека небесата воскликнува и земјата се радува, дека небесата и земјата се соединети од Бога, Којшто стана човек.

Во аголот горе-десно, ангелите се огледуваат нагоре кон небото и надолу кон земјата и во луѓето. Се сеќаваме на нивните зборови: „Слава на Бога во височините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“.

Во аголот горе-лево, Мудреците доаѓаат со нивните подароци – злато за Царотт, темјан за нивниот Бог и миро за нивниот Свештеник. Тие дошле од човечка мудрост за да прослават Божествена Мудрост.

На горниот дел од иконата гледаме гулаб, симболот на Светиот Дух, Којшто ја одразува светлината на Светата Троица. Под него дури ѕверовите Го слават Христа со поклони.

Во средината на иконата ја гледаме Светата Дева како лежи. На нејзината облека се гледаат три ѕвезди – една за нејзината девственост пред Раѓањето на Христа, друга за нејзиното девство што остана сочувано за време на Раѓањето, и трета за нејзиното девство после Раѓањето. Таа е со Новороденчето-Христа, Богот од пред сите векови.  Тој е облечен во чисти, бели пелени коишто се издвојуваат од темнината на пешерата во којашто се родил.

Ова не е само иконата на раѓањето на Христа, туку и иконата на Погребувањето и Воскресението на Христа. Сегашноста и иднината се среќаваат тука. Пелените личат на плаштаницата, пештерата личи на гробот од којшто воскресна Христос. Неговата и судбината на  целокупното човештво се претставени тука. Бидејќи, оваа икона не е само икона, туку и карта за нашите души.

Без Христа нашите души се како темни пештери. Празни, студени и неосветлени. Со Христа, пак, тие се светли, бели и топли. Сите човечки незгоди произлегуваат од  единствената причина што не сме Го поставиле Христа во средината на нашите животи, како што е во средината на оваа икона. Секоја човечка тага, секоја потешкотија, секоја беда доаѓа од отсуството на Христа, не само кај еден човек, туку и во заедницата. Зашто дури цели народи паднале во грев и дошле безизлезни незгоди за човекот, бидејќи отпаднале од Христа. Секој грев е отпадништво од Христа, неуспех да Го поставиме во средината на нашите животи.

Нашата молитва на овој празник нека биде, Христос да се роди во срцата на сите нас и да стане центар на нашите животи.

Христос се роди!

Навистина се роди!

– Отец Андреј Филипс, Св. Јован, Колчестер

 

Извор: http://orthodoxengland.org.uk/sermnaty.htm