Навигацијата и Небесното Царство
-Што ја поттикнува појавата на психичките заболување? Околината, лошото детство?
-Секој човек, уште од самото раѓање има генетски слаби места. Кај некој тоа е желудникот, кај некој срцето, зглобовите, а кај некој е мозокот. Како што ни покажува праксата, вистинските психички заболувања, сепак, најчесто се генетски. Непријатното детство, помага тие слаби места да се пројават. А пријатното – значително го намалува и кочи неговиот развој. Во тој случај „Болните Места“, по правило, не се манифестираат на млада возраст, но можат да се манифестираат во периодот на хормоналните промени, и во прилики на стресни ситуации. Во лагодни моменти, човек може да не чувствува никакви проблеми. Но не е цел живот, само пријатни моменти. Повредите, порано или покасно ќе излезат на виделина.
-Каде е границата помеѓу болеста и простата емотивната нестабилност?
-Болеста го поседува тој карактер, со неа тешко да се управува. Таа од секогаш го вознемирува човекот со тоа што не може да се контролира. На пример, кога човек пие, но во секој момент може тоа да го остави – тоа е состојба пред болест. Пијанството е веќе болест. Психофизичка, патолошка зависност. Така е и овде: кога болниот сам со себе, не може да направи ништо, и ситуацијата излегува од контрола, пркосувајќи притоа со опасност по неговиот живот и животот на ближниот -тоа е болест. Исто така, најважниот симптом на психичкото заболување е снижената критичка самооценка. Болниот човек не се смета за болен. Колку е подлабока болеста – понизок е степенот на самокритичност.
-Како настанува растројството?
-Прво се намалува психолошката заштита – нашиот духовен имунитет. Тоа се нашите позитивни спомени. „Преубавите, свети спомени кои се сочувале уште од детството -може да биде најдобро, доколку човек носи преку животот повеќе такви добри спомени – спасен е“- раскажува Достоевски од устата на Аљоша Карамазов. Ако во сеќавањето има доволно интензивни, светли, позитивни моменти, тогаш и во моменти на стрес, човекот бара засолниште во нив и мисли на позитивното, како подморницата која заминува од бурата во океанските длабочини. Духовната благодат секогаш ќе го намести навигаторот на душата кон Царството Небесно.
-Дали може да се спречи развојот на психичкото растројство?
-Да, секако. Знам доста случаеви кога човек бил на граница на психијатријата, и болеста со Божја помош, ќе се повлечела.
Ремисија во Црквата?
-Од што зависи тоа?
-Од човекот и од околностите. На православниот човек, пред сè треба да му помага верата. Тој мора, покрај сè останато, во целост да се потпре на Бога. Зашто, што е тоа вера? Тоа е верност спрема Божјите заповеди и доверба во Бога. Па и колку високи гори да израснат пред тебе, колку кал и да се направи, треба да се верува. Тука е најважно, да не се отстапува од избраниот, тежок пат. Ако главната цел ни е барање на Царството Небесно и довербата во Бога, тешкотиите нема да бидат фатални. Тие би биле весници на радоста која никој не ќе може да ни ја одземе. Радоста ќе биде бесконечна. Меѓутоа, ако човек нема високи морално -духовни вредности, тој би се скршил. Верата е имунитет за сите психички болести. Психичкото растројство е често показател на болната вера, нејзините недостатоци, недоволна верност и доверба во Бога.
-Тоа е потврдено и во пракса?
-Да, често сум се среќавал со тешки психички заболувања, кога пациентот по воцрковувањето скоро потполно се ослободил од лекарствата, сведувајќи ги на минимална доза. Кога зборуваме за позитивни резултати, тука мислиме на долгорочна ремисија од 10, 15, 20 години, па и повеќе.
Таблетите и Кормилото
-Рековте дека психичкото растројство е показател на болната вера? Следува дека тоа секогаш е последица на гревот?
– Слом во централниот нервен систем може да биде плодно тло за развој на растројството. Мозокот – тоа е една голема ендокрина жлезда. На современата наука ѝ е добро познато тоа дека мозокот може да произведе повеќе од илјада и петстотини хормони на радост и само пет хормони на стрес. Несреќата кај сите е иста, а радоста кај секој е различна. Кога човек стигнува до зоната на стресот, кај него нагло се покачува сугестибилноста – способноста без критика да ја прифати секоја (добра или лоша) информација. Тоа е меч со две острици: ако мислиш на нешто добро – со добро и ќе ти се врати. Ако мислиш лошо – со лошо ќе ти се врати.
-Како функционира тоа?
-Ако во текот на бурата го свртиме кормилото во добар правец – бродот ќе доплива до целта, а доколку не го усмериме – ќе се разбие од некоја карпа. Зоната на стресот е стимултант. Стресот го вклучува механизмот на радоста: те бркало куче, и си ја префрлил оградата – среќен си што си се скрил. Ако зоната на радоста не се активира, доаѓа до психичка празнина, астенија. Депресија, па и други психички заболувања, можат да настапат кога во периодот на стрес не се активира зоната на радоста. „Така и вие, што сте сега во жалост; но повторно ќе ве видам, и срцето ваше ќе се зарадува, и вашата радост никој нема да може да ви ја одземе“ (Јн. 16,22), – вели Господ. Ако не залутавме од патот на законот на Божјата љубов, ќе бевме во постојаната радост која Бог ни ја дарувал. Како во бајката со рибарот и рипката: да беше вниманието на старецот постојано насочено кон Царството Небесно, таа секогаш и за сè би се радувала.
Безбедносната техника на духовникот
-Имате големо искуство во работата со психички болни луѓе. Што може да направи еден свештеник, освен класичното поучување во верата?
-Може да ја извршува Светата Тајна Елеосвештение, Причесната. Грижата за душата во тој случај треба да го исклучи копањето по гревовите. Таквиот човек не смее да се води во покајничка состојба. На тој начин отците го довеле Гогољ до смрт. Тој боледувал од манично – депресивна психоза, а духовникот го притискал: покај се, покај се. Тоа довело до смрт на писателот. Да ги консумираше лековите и да се напојуваше со позитивно расположение, сето тоа можеше да се смени. И се разбира, важно е што почесто да се причестува.
-Може вашата гледна точка да не е многу популарна меѓу некои свештеници…
– Што е тоа исповед во нашата современа Црква? Замислете, кај некој психијатар да дојди болен човек и да му рече: докторе, јас полудувам. А психијатарот да му даде учебник по психијатрија – повелете земете го, пробајте да сфатите што моментално ви се случува во вашата глава, па вратете се. Лекарот би го отпуштиле, и би завршил на суд, затоа што пациентот најверојатно би извршил самоубиство. Така и во овој случај.
Важно е, свештеникот да знае што ги доведува, психички болните луѓе кон покајание – тоа не е само безумноста туку, и престапите. За жал денес, свештеникот не сноси никаква одговорност, освен морална. Дава глупави совети, човекот прави престап, расчистува со животот или стигнува до психијатрија, а овој само мавта раце: на сè е волјата Божја, Господ сè така уредил. Тоа не го направил Господ, туку човековата неодговорност, глупавост и не пазење. Од моја гледна точка, дојде време кога треба да се молиме и да ги обновуваме духовните институции, и со тоа да не може секој клирик да ја извршува Светата Тајна Исповед.
-Во принцип, дали е можна исповед на психички боли лица? Бидејќи сепак тоа е тајна.
-Исповедта е можна и е неопходна кога се во прашање болните, меѓу нив и психички болните. Не само што свештеникот е должен на покајникот да му кажува за заповедите во духот на љубовта: „Првата Божја Заповед е: Љуби го Господа својот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и љуби го ближниот како и себе си“. (Мт. 22: 37,39). Ако не се сакаш себе си нема да го сакаш ни ближниот, ни Бога. Што значи да се сакаш самиот себе? Да го насочиш вниманието на душата кон Царството Небесно. Критериум за добар правец: човек да се чувствува како да е во Христовите прегратки, тоа е, чувство на потполна заштита и доверба во Бога. Што е тоа, ако не среќа? Во таква положба, човекот истото тоа го посакува и на другите. Заљубените посакуваат сите околу нив да бидат среќни. Ако не веруваме во Бога не можеме да ја исполниме првата заповед. И останатите заповеди без љубов кон Бога се бесмислени, затоа што тие се само проверка на односите Бог – Човек. Кога човекот тоа ќе го спознае, тој почнува да го исповеда отсуството на љубов спрема Бог, и ближниот. Почнува да го исповеда осудувањето. Тоа и е покајание во духот на љубовта.
– Јасно. Попросто кажано, свештеникот нека проповеда за заповедите, а во душата нека не навлегува.
-Отци, – им велам на свештениците, – не разбирате: во советско време, кога имаше супар-психијатрија и кога сите лежеа во специјални установи, дури и тогаш, од нивни раце гинеа по десетина психијатри годишно во СССР. Ако вие на Исповед, или во беседа кажете нешто на болен шизофреничар, и уште стигнете до структурата на лудилото, посебно лудило во постапките, кога болниот е, уверен дека всушност вие сте го повредиле, знајте дека негова главна цел би била да ве уништи. При што ќе го изврши тој престап во најдобар облик. Кога се во прашање таквите дела, болните се многу креативни. Тоа треба секогаш да го имате на памет. Тука отците се подзамислуваат.
-Дали ви се пружила прилика да работите со болни во невропсихијатриски интернати? Во што се состои специфичноста на таквото служење?
-Да, имав. Во тој случај треба да бидете крајно тактичен: „Спрема луѓето благ, спрема проблемот остар“. Овде треба да се употреби крајна економија, причестување без некои посебни припреми. Сите со ред да ги причестите. Важно посетата на свештеникот да биде утешителна за болниот и да побуди позитивно расположение.
Протоереј Григориј Григориев
за здравствената заштита на болните
Извор: http://www.pravoslavie.ru/srpska/102087.htm
Превод: Андреј Талевски