Првите непријатели на почитувањето на Мајката Божја

Со ширењето на Христовата вера и прославувањето на Името на Спасителот во светот, а заедно со Него и Онаа, која се удостоила да биде Мајка на Богочовекот – растела и омразата на непријателите Христови кон Неа. Марија беше мајката Исусова. Таа претставувала најголем пример на чистота и праведност, и уште повеќе, оставајќи го овој живот, Таа е моќна поддршка на христијаните, иако невидлива за телесните очи. Поради тоа, сите кои го мразеле Господ Исус Христос – и не верувале во Него, кои не го разбирале Неговото учење, или поточно, не сакале да го сфатат како што Црквата Го сфатила, кои сакале да ја заменат проповедта Христова со своите човечки умувања – пренесувале омраза кон Христа, Евангелието или Црквата, кон Пречистата Дева Марија. Сакале да ја понижат Марија, за да би ја уништиле верата во Нејзиниот Син, да создадат лажна слика за Неа пред луѓето, да би го изградиле христијанството на други основи.

Во утробата на Марија се соединиле Бог и човекот. Таа била онаа која послужила како скала за Синот Божји, Кој слезе од небото. Да се нанесе удар на Нејзиното почитување, значи да го погодиш христијанството во корен. И самиот почеток на Нејзината небесна слава бил обележан на земјата со испад на злоба и омраза кон Неа од страна на безбожниците. Кога по нејзината света смрт, апостолите го носеле Нејзиното тело да се погребе во Гетсиманија,  место избрано од Неа, Јован Богослов одел напред носејќи гранче од рајот, кое три дена порано од небото го донел архангел Гаврил, известувајќи ѝ премин во небесното семејство. „Кога Израел излезе од Египет, домот Јаковов од туѓ народ“, запеал апостол Петар од Псалм 113. „Алилуја“ запеале сите апостоли со своите ученици, како што вели Дионисиј Ареопагит, кои исто така биле чудесно пренесени во тоа време во Ерусалим. И додека таа света химна се пеела, која евереите ја нарекувале „Големо Алилуја“, еврејскиот свештеник Антоние се приближил до ковчегот сакајќи да го преврти и фрли телото на Мајката Божја на земјата. Дрскоста Антониева веднаш била казнета: архангел Михаил му го отсече рацете кои останале да висат над ковчегот. Згрозениот Антоние во страшни маки го увиде својот грех и почна да се моли на Христа Кого што го мразеше и веднаш беше исцелен. Не премислувајќи сè, го прифати христијанството и го исповеда пред своите минати верници, поради што, од нив маченички пострада.

Така, намерата да се огреши кон Мајката Божја послужила, таа навистина да се прослави. Непријателите Христови не се осудувале да покажуваат непочитување кон телото на Пречистата со груба сила, но нивната злоба не престанала. Гледајќи како христијанството насекаде се шири, почнале да нудат грозни клевети за христијаните. Ниту името на Мајката Божја не го оставиле на мира и измислиле приказна како Исус од Назарет дошол од лошо и неморално семејство, и дека Неговата мајка се здружила со некој Римски војник. Но, оваа лага била премногу очигледна, за да може да повлече сериозно внимание. Семејството на младоженецот Јосиф и самата Марија ги знаеле сите од Назарет и околината, во тоа време. „Не е ли овој дрводелецот, син на дрводелецот, Јосифов син, син на Марија, и брат на Јакова, Јосија и Симона и Јуда“? „И не се ли овие сестри меѓу нас“ (Матеј 13, 54-55; Марко 6,3; Лука 4,22). Така зборувале Неговите сонародници, кога Христос им ја открил во Назаретската синагога мудроста која не е од овој свет. Во малите места, семејствата добро се знаат, а на чистотата на брачниот живот се внимавало строго.

Зарем кон Исус би се однесувале со почитување повикувајќи Го да проповеда во синагогата да е роден од незаконит брак? Зарем Мојсеевиот закон бил применет на Марија, кој наредува таквата особа да биде каменувана? Фарисеите тоа би го искористиле да Му префрлуваат на Христа за однесувањето на Неговата Мајка. Меѓутоа, било токму спротивното. Марија уживала голем углед: во Кана била почесен гостин на свадбата и кога Нејзиниот Син бил осуден, никој не се осудил да ја исмева и оцрнува Неговата Мајка.

Свети Јован Шангајски

ПРОДОЛЖУВА, 4 дел

Превод: Младен Јовчески, дипломиран теолог

Претходно: Православното почитување на Мајката Божја – Свети Јован Шангајски

Извор: http://www.verujem.org