“Како и ние им проштеваме на нашите должници”. Тоа значи да не се гневиме против нашиот ближен кој е виновен кон нас (намерно, тврдоглаво, или ненамерно) било со фрустрации, непријателство, или злоба, туку да му ја простиме неговата вина во целата едноставност на срцето, јасно гледајќи се себеси нашите сопствени слабости и падови во грев, и одржувајќи ја кон нашиот ближен истата љубов и истите чувства на љубезност кои ги чувствувавме кон него пред неговата вина кон нас.
Што ќе беше, ако Господ би ги забележал нашите безаконија што ние ги забележуваме на нашите ближни? Кој ќе може да се одржи? Но, како што Господ е долготрпелив и милостив, бидете и вие исто така долготрпеливи и милостиви (не строги, но сочувствителни).
“Љубовта е долготрпелива, полна со добрина.” Не ги забележувајте грешките на вашиот ближен, гледајте на нив како тие да не биле, како да се ништо!
Свети Јован Кронштадски
Превод: Дамјан Божиновски