† ПРОСЛАВЕН 50-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА МПЦ-ОА И ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА

„Додека адот плачеше што гробот е отворен, Марија им викаше на скриените апостоли: Излезете, работници на лозјето, проповедајте ја веста за Воскресението: Воскресна Господ, Кој на светот му дарува милост голема“ (седален глас 6-ти во Недела на Утрена).

На 17.09.2017 г., Петнаесетта Недела по Педесетница, во рамките на одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на МПЦ-ОА, беше одбележан и јубилејот на Дебарско-кичевската Епархија, каде по покана на надлежниот архиереј, Митрополитот г. Тимотеј, беше организирана торжествена прослава во манастирот Св. Георгиј, Кнежино (Кичевско).

На Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел и Иларион, епископот Климент, архимандритите Нектариј и Партениј, игуменот Јаков, протоереј-ставрофорите Тоди Јован, Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоереите Стевчо Тошевски и Васко Голабоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Александар Матески и Роберт Илијевски, протоѓаконите Ратомир Грозданоски, Саше Ристов, Николче Ѓурѓиноски и Драган Ѓорѓиевски и ѓаконите Дејан Борисов, Сашо Целески, Христијан Костоски и Александар Димоски. По завршувањето на Литургијата, беше осветен новиот конак, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

jub502017_7 jub502017_8 jub502017_14 jub502017_16 jub502017_17

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Повеќе: http://dke.org.mk