Пробај да ги сакаш непријателите, и ќе спиеш мирно во ноќта – о. Андреј Конанос

Кога ќе ја осознаеш својата грешка – помоли се на Господа: „Господи, ти ме испита – и јас покажав колку сум слаб. Ми даде можност да ја покажам мојата љубов, но јас и тоа не го направив. Дозволи ми да дознаам кој сум и за што сум бил создаден од самиот почеток“.

Господ ми даде термометар, за да ја измерам топлината на моето срце, и јас видов дека сè е лошо. Во што се пројавува тоа? Кога моите непријатели зборуваа лошо за мене, јас се гневев, кога ми праве зло, им враќав со истото. Не со добрина. Каде ми беше љубовта?

konanos-2

Добро размислете, колку сме далеку од Христовите зборови: „Сакајте ги непријателите свои“. Непријателите ли? Како може да ги сакаме непријателите, кога сме толку лоши, што понекогаш не ги сакаме доволно ни своите роднини? И како може да ги сакаме непријателите? Тоа е невозможно.

Но сепак, не е сосема невозможно, ако погледнеме на тоа преку очите на Бога. Да си спомнеме, што ќе се случи, кога ќе умреме и ќе не погребат во земјата, кога ќе бидеме покриени со прав, и од небото ќе нè спуштат во земјата. Само на едно можеш да помислиш тогаш, на што – дека сите ние сме врзани од смртта. И тогаш со задоцнување ќе си речеш – зошто не сакав?

И воопшто не е важно, дали тебе те сака конкретниот човек, или не – важно ти сакај го. Знаеш ли што ќе се случи, кога ќе се смириш себеси и ќе засакаш? Ќе се осветиш! И воопшто нема да пострадаш од тоа! Пробај да засакаш – и ќе можеш мирно да спиеш ноќе! Еднаш, еден духовен човек, кој поинаку не можел да го прими законот за љубовта во неговиот повисок степен, рекол: „Пробај да не сакаш, пробај да мразиш, и после кажи ми, можеш ли да спиеш мирно ноќе? Ако ти се крене притисокот, ако ти падне шеќерот, немој да прашуваш зошто“.

Причината да не сакаме и да мразиме е длабоко сокриена во нашата душа. Ако се задлабочиме во себеси и се очистиме, ќе видиме што е тоа вистинска љубов. Значи, само така можеме да се спасиме – со вистинска љубов!

Ќе можеш да се спасиш, само кога ќе си спомнуваш за неа постојано. Но како? Па, ако им кажеш на оние со кои си скаран, дека ќе бидете пријатели, дека ќе имате добри односи, ќе патувате заедно, ќе биде прекрасно, дека се добри луѓе и ти се радуваш што си со нив. И тогаш, што и да правиш, седејќи зад воланот во колата, или седејќи дома, секогаш ќе го слушаш гласот на љубовта на сите тие луѓе.

Така, секогаш спомнувај си за тоа, продолжи да се менуваш, за да не се изгубиш во овој свет.

Извор: http://pravoslaven-sviat.org