На 27.10.2017 г., кога го празнуваме споменот на светата преподобна Параскева (Епиватска), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Петка во Точила, Прилеп.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На Утрена треба да одиме, затоа што за време на Литургијата за нас се принесува Бескрвната Жртва на Бога, а одејќи на утрена, самите се принесуваме за жртва на Господа, го жртвуваме за Него нашиот одмор.
Преподобен Мојсеј Оптински