На 22.05.2017 г., кога го празнувавме преносот на моштите на Светиот Николај Мирликиски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на игуменот на манастирот, Архимандрит Никола (Трајковски), архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, архиерејскиот намесник за Битола, протоереј Димитар Михајловски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Божествена Литургија во манастирот Свети Никола, село Манастир, Мариово.
Верниот народ имаше можност да се поклони на чесните мошти на Мирликискиот Чудотворец.