Да Го прославиме и да Му заблагодариме на нашиот Бог за многуте придобивки кои ни ги даде, за задоволувањето на нашите потреби, за нашиот привремен дом на земјата. Со чист ум, да размислуваме за значењето на овие добротворства; тие се бледа копија на вечните добри нешта. Тие ги имитираат вечните добри нешта толку слабо и неефикасно, како што сенката го имитира објектот кој ја прави. Со тоа што ни ги дава овие земни добра, Бог таинствено ни кажува: Народе мој! Вашиот привремен престој е благословен со различни, безбројни добра, кои можат да го фатат и галат вашето око и срце, кои можат да ги задоволат сите ваши потреби во изобилство. Замислете, колку повеќе се добрата кои ќе го исполнат вашиот небесен дом. Разберете ги безграничните, незамисливи добрини на Бог, и подражавајте го разумното користење и созерцание на земните работи, не делувајте будалесто. Не станувајте заробени од нив, не се уништувајте себеси поради нив. Користете ги, колку што ви требаат, а со целата ваша сила, стремете се кон постигнувањето на небесните добри нешта.
Св. Игнатиј Брјанчанинов
Превод: Дамјан Божиновски