Дискусијата, поврзана со документите од Критскиот Собор, а исто така екуменистичките изјави на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, кој соопшти дека на 24 април, 2017 г. планира за првпат да ја посети познатата екуменистичка општина Тезе во Франција и да прими учество во екуменистичката молитва, доведоа до тоа повеќе од 50 ќелии на Света Гора да престанат да го спомнуваат на богослужбите, соопштува Русская Народная Линия.
За тоа, дека Патријархот Вартоломеј ќе се моли заедно со иноверците соопштува грчката агенција за црковни новости „Ромфеа“. На 25 април, во 12.00 ч., Патријархот ќе прими учество во екуменистичката молитва на општината Тезе во црквата на Помирувањето, која ќе се одржи во присуство на братски општини и претставници од различни христијански конфесии и младински организации. По завршувањето на молитвата, Патријархот Вартоломеј ќе одржи говор – соопштува порталот.
Така, светогорските монаси решија да го изразат својот протест против екуменистичкиот курс на својот Претстојател. Повеќе од 50 ќелии на Света Гора веќе престанаа да го спомнуваат, а уште два манастири се блиску до тоа. Не се исклучува можноста, дека манастирите ќе одбијат да го спомнуваат Патријархот во случај, доколку истиот не го слушне нивниот глас и не го ја откаже екуменистичката молитва во Тезе, соопштува грчкиот сајт «Vimaorthodoxias».
Духовниот авторитет над Света Гора, потпаѓа под јурисдикција на Константинополскиот Патријарх. Сепак, денес на Света Гора веќе има еден манастир кој престанал да го спомнува Вселенскиот Патријарх – а тоа е манастирот Есфигмен.
Сега нему може да му се придружат уште два манастири…