Во пресрет на претстојната канонизација – вбројувањето во диптихот на Светите на отец Гаврил, Епископот Велички, споделуваме некои негови изреки, и Тропарот од богослужбата кон него.
Молитвата е прва и најважна работа
Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее.
Почиста, побезгрешна и посвета работа од молитвата нема.
Кратките одмори од молитвата (треба да) претставуваат богомислие, созерцание, испитување на Божјата волја и преиспитување на својата совест.
Монахот за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ништо.
Вкусувајќи ги горчливите плодови на многузборливоста, празнословието и празномислието, секој од нив (монасите), а во прв ред младите, со сета своја снага се стремат во себе да развијат што поголема љубов кон молитвата, да се навикнат на непрестајното молитвено општење со Бог, за секогаш да бидат со Него. Многумина се во состојба со бројаници во раце и повикување на Божјото име со зборовите на Исусовата молитва „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“, цел ден и цела ноќ стојат како заковани на едно место, заборавајќи и на јадење и на спиење.
Тропар на Свети Гаврил Епископ Велички