На 11.06.2017 г., на покана на директорката Лидија Павловска, поради претходна донација за обнова на школската дограма, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар го посети подрачното училиште „Коле Канински“ во село Буково.
Тука, во една радосна атмосфера, Владиката се запозна со активностите на училиштето и радоста од новозапишаните 11 нови првачиња оваа година.
„Дете? Гледај, парче Небо на земјата“ – Ава Јустин Ќелиски
„Мораме да внимаваме на децата, зашто тие нè оправдуваат пред Бога. И како што цвеќето е радост за нашата човечка свест, така и децата се како цвеќе, остаток од изгубениот рај и навестување на идното Царство“.
Училиштето се наоѓа веднаш до црквата Св. Димитриј во село Буково.
Известува: Протоѓакон Драган Ѓоргиевски