Петти Акатист кон Пресвета Богородица

На 30.03.2017 г. во Петокот од Петтата Недела од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение на свештенството од храмот Пресвета Богородица во Битола, отслужи Повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. 

Ова беше последното и целосно читање на Акатистот за овој пост. По молитвите на Пресвета Богородица, Бог да ни даде сили да ја искористиме благодатта од претстојните покајни великопосни дни, и да го дочекаме Светлото Христово Воскресение.

 

КОНДАК 2
Гледајќи се Светата Себеси во чистота, смело на Гавриила му прозборе: Преславниот твој глас неразбирлив е за душава моја, зашто за рождество низ бессемено зачнување зборуваш воскликнувајќи: Алилуја!
ИКОС 2
Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева кон Тајнослужителот повика: ‘Кажи ми како е можно Син од чиста утроба да се роди?’
А тој со страв одговори ова велејќи ѝ го:
Радувај се,на Советот неискажлив Тајнице.
Радувај се,на оние молчание што бараат Веропазителке.
Радувај се, на чудата Христови Началнице.
Радувај се, на повеленијата Негови втемелителке.
Радувај се, лествицо небесна по Која Бог слезе.
Радувај се, мосту што земните на небо ги возведуваш.
Радувај се, чудо многусловено од ангелите.
Радувај се, многуоплакан поразу на демоните.
Радувај се, Светлоста надумна Си ја родила.
Радувај се, начинот никому не Си му го открила.
Радувај се, Ти Која мудрите со разум ги надминуваш.
Радувај се, Ти Која верните со смисла ги просветлуваш.
Радувај се, Невесто Неневестна!

IMG_3260 IMG_3268 IMG_3304 IMG_3384 IMG_3446

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА