ПАТЕР – втора дискусија на Христијанскиот философски форум (ВИДЕО)

Објавен е видео записот од Втората дискусија на Христијанскиот философски форум, во организација на проф. д-р Ристо Солунчев и доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ.

Темата на втората дискусија беше зборот PATER (татко, отец) кој игра конститутивна улога при формирањето на некои од најзначајните теолошки и философски концепти, како и на некои основни концепти во современата психоаналитичка и феминистичка теорија. Од Бога Отецот до идејата за патријархатот, од аскетската фигура на духовниот отец до симболичкиот патернализам во Лакановата психоанализа – концептот PATER е незаобиколен дискурзивен фермент на европската мисла.

Гости:

Епископ м-р Климент Хераклејски (Македонска православна црква – Охридска архиепископија)

Д-р Катерина Колозова (Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје)

23.03.2017, ЕУ Инфо Центар – Скопје