На 11.09.2017 г., спомнувајќи си за Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител и Преподобна Теодора Солунска; во манастирот посветен на Светиот Претеча, во Слепче, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија.
Верниот народ, преподобното монаштво, испросувајќи го неговиот благослов, се причестија со Светите Христови Тајни.
Тропар, глас 2
Споменот за праведникот е со пофалби,а тебе ти е доволно и Сведоштвото Господово, Претечо.Навистина си се покажал најпочитуван меѓу пророците,зашто си се удостоил во река да Го крстиш Проповеданиот.Затоа со радост си пострадал за Вистината, и на оние им Го благовести Бога,Кој во тело се јави и го зема гревот на светот и ни дарува голема милост.