Отец Методиј (Петров) – Македонски амбасадор во Русија

На 23 мај, 2017 г., се одржа средбата на Претседателот на Република Македонија, г-динот Ѓорге Иванов и Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија, Кирил.

„Нашите братски врски се протегаат до длабоката древност – рече Претстојателот на Руската Православна Црква. – Охрид претставува свет град за сите Словени: имено во тој град се труделе учениците на светите браќа Кирил и Методиј, со чии имиња е поврзано просветувањето на сите Словенски народи. Се сеќавам на чувството, кое го доживеав, посетувајќи го Охрид и неговите древни храмови… Историјата на вашата земја до денес го чува споменот на оние, кои го сакаат Православието и се поврзува со неговата историја и култура“.

ivanov-1-520x336

Во текот на беседата, Светејшиот Патријарх Кирил спомна за тоа, дека многу луѓе дознаваат за Македонија, посетувајќи го Валаамскиот манастир: „ Таму, постојано се труди еден ваш „амбасадор“, игуменот Методиј (Петров) – легендарна личност, него сите го сакаат. Тој ги прима сите со отворено срце“ – забележа Претстојателот на Руската Православна Црква.

На 24 мај, на денот на светите рамноапостолни Методиј и Кирил, Словенските учители, игуменот Методиј (Петров) чиноначалствуваше на празничната богослужба во домашната црква на „Словенската“ гостилница, осветена во чест на рамноапостолните браќа. На празникот на словенската писменост и култура, се совпаѓа и именденот на Свештеноигуменот на Валаамскиот манастир Светејшиот Патријарх Московски Кирил, а исто така и на игуменот Методиј, кој ја носи тешката служба за прием на многубројните гости на Валаамскиот манастир.

Игумен Методиј (Петров) на осветувањето на Рускиот Крст во Лешок, Мај, 2016 г.
Игумен Методиј (Петров) на осветувањето на Рускиот Крст во Лешок, Мај, 2016 г.

Отец Методиј (Венко Петров) е роден на 16 февруари, 1961 г., во Источна Македонија во православно семејство, на 5 километри од манастирот на светиот великомаченик Никита. Во тој манастир, во 30-40 години од XX век живееле 70 валаамски старци и до денес, таму е сочуван гробот само на еден од нив. Дедото на отец Методиј изградил неколку храмови и параклиси во Македонија. Од рано детство, Венко се интересирал за творештвото на руските писатели, уметници, композитори. „Преку нивните дела, присуството Божјо во животот на рускиот човек јас го чувствував многу јасно. Затоа уште од детство, многу ја сакам Русија“ – признава отец Методиј во едно од неговите интервјуа.
Во 1985 г., завршува факултет во Скопје, добивајќи назив градежен инженер. Вo 1991 година, го избира монашкиот пат. Најпрвин заминал во Грција, на Света Гора, и таму добива благослов од многу почитуван старец, архимандрит Георгиј (Капсанис). Но, на почетокот на 1990-те години, политичките односи меѓу Грција и тукушто осамостоената Македонија се нарушуваат, и отец Георгиј го благословил да живее на подворјето на Светогорскиот манастир, Венко решил дека е подобро да ја напушти Грција. Архимандрит Георгиј го сфатил тој чекор и го посоветувал да замине во Русија, каде што Венко никогаш претходно не бил, а не го знаел ни рускиот јазик.

„Ме праша архимандрит Георгиј: „Можеби е подобро, да се вратите во Македонија, да научите јазик, додека политчката ситуација меѓу Грција и Македонија не се смири, и потоа пак ќе Ве земеме во Грција?“. А јас му реков: „Јас веќе се збогував со родителите; благословете ме да заминам во Русија!“. Тој одговори: „Знаете некого во Русија?“ Јас му реков, знам. Се заинтересира кој, а јас му одговорив отец Јован Кронштадски, свети Серафим Саровски. Тогаш тој со насмевка ми рече: „Тогаш, сè ќе биде како што треба, имаш добри другари!“ И така, по неговиот благослов дојдов во Русија, во Троицко-Сергиевата Лавра кај старец Кирил (Павлов)“.

Во основата на решението на младиот човек, било убедувањето дека иднината на човештвото е поврзана со Русија. „Мислам дека во рускиот народ, длабоко во потсвеста му е заложена огромна вера во Бога: тоа ист дух по крвната словенска линија. Познато ни е, дека иднината на светот е поврзана имено со Русија. Секој духовен човек, кој барем малку се разбира во Божјото откровение, знае дека Русија – е последната, трета христијанска империја после Римската и Византиската.

Византија веќе не постои, Русија – е голема држава, која поминала тежок период на богоборство, но слава Богу, денес преку покајание се возродува. Може да се сетиме на зборовите на преподобниот Серафим Саровски, дека Русија секогаш ќе биде силна и страшна за непријателите. Не случајно, првата атомска бомба во Русија ја создадоа на територијата на бившиот Саровски манастир. Којзнае што би било со светот, ако со тоа страшно оружје монополно владеела Америка и Русија не би создала стратегиски баланс во светот? И природно, секој од нас, кој е чедо на Православната Црква, го обраќа својот поглед кон Русија“.

3bcf597b9ec4e561b128f4c468bc43ce

На островот Валаам секојдневно доаѓаат многу поклоници и туристи, и секој гостин на манастирот монахот го пречекува со отворени прегратки, широка насмевка и со зборовите: „Ви посакуваме, да се чувствувате како дома. Затоа што сите ние, иако сме различни по професија – државници или научници, педагози или работници во културата, прости монаси или свештенослужители – сите нè поврзува само едно – љубовта кон Татковината, кон Русија, и кон најљубениот наш Господ, кон нашата света Црква.

 

24.05.2017

 

Извор: https://valaam.ru/publishing/27723/