На 07.05.2017 г., во Четвртата Недела по Велигден, посветена на исцелувањето на Раслабениот, се освети храмот на Свети Игнатиј Богоносец, во манастирот Успение на Пресвета Богородица, с. Јанковец, Ресен. Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.
Храмот на Свети Игнатиј Богоносец се изгради благодарение на усрдната помош и неуморното залагење на ктиторот Марјан Радевски, и други православни верници, кои иако расејани по светот, секогаш се дел од живата Црква Христова, и од Неговата заедница тука, во Ресен. Бог да им подари здравје, душевно и телесно, чувајќи ги под покровот на Својата благодат, и да им дарува спасение.
После осветувањето на храмот, на искушеникот Кристијан (Костовски), кој повеќе од една година е жител на овој манастир, му беше даден благослов за носење на скуфија (монашка капа).
За време на Литургијата, настојателот на овој манастир, јеромонахот Спиридон (Поповски) беше возведен во игуменски чин, со благослов за носење на игуменски крст.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.