На 13.05.2017 г., во Петринската планина, над селото Евла, се освети обновената пештерна црква на Вознесението Господово – Св. Спас, во Ресен.
Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на свештенослужителите: архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, архиерејскиот намесник на Ресен, протоереј Сотир Гочевски, протоереј Михаил Матвеев, протоѓакон Драган Ѓоргиевски.
Обновувањето и украсувањето на овој свет манастир беше овозможено од неуморниот труд и залагањето на благочестивите фамилии: Котларовски, Доновски, Бошњаковски, Ќулумовски, Марковски, Андреевски, Шундовски, Недановски и Лазе Дечков со фамилијата, и други православни христијани кои со материјална или молитвена помош учествуваат во грижата за ова место. Бог да им подари здравје и спасение!
„Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и се успокојам. Далеку би отишол и би се сместил во пустињата; се надевав на Оној Кој ме спасува од малодушноста и од бурата“ (Пс. 54, 6).
Како срната што се стреми кон водни извори, така кон Тебе се стреми душата моја