На 22.01.2017 г., во Неделата по Богојавление, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола.
На Литургијата, Митрополитот го произведе ѓаконот Драган Ѓоргиевски во протоѓаконски чин.
Нека му е честито, и од Бога благословено.
Молчењето е полезно за душата. Кога зборуваме, тешко е да се воздржиме од празнословие и осудување. Но постои и лошо молчење, а тоа е кога некој се лути и затоа молчи.
Преподобен Никон Оптински