Одговарајќи на прашањето за дијалогот меѓу Црквата и културното општество, претседателот на Одделот за односите на Црквата со општеството и медиумите, Владимир. Р. Легојда го изрази своето несогласување со тоа, дека слободата да се руши, каде и да се применува, вклучувајќи ја и уметноста, е исто вредна како и слободата да се гради.
Легојда напомна, дека во сферата на творештвото, како и во животот општо, важно е прашањето на човечката слобода, нејзината содржина и различните нејзини пројави.
„Слободата – е тоа својство, во кое сите разумни созданија – ангелите и луѓето – се слични на Творецот. Од една страна, имено таа го привела да падне во грев човекот, а од друга, истата му ја дава можноста да се уподоби на Бога, која потенцијално е во секого од нас“.
Претставникот на Црквата укажа дека во сферата на творештвото, плодовите на човечката слобода најмногу се забележуваат.
„Уметникот создава дело, пројавувајќи го својот внатрешен свет. Што има во тој свет? Желба да се создава, љуби, сведочи за добродетелта, правдата и вистината? Или стремеж да се руши и исмејува, да се умножува порокот, да се правда гревот?“ – праша В. Р. Легојда.
Со тоа, според него, е поврзана острината на дијалогот со творечкото општество, од кој еден дел, за жал, смета дека слободата е подеднакво вредна, без разлика дали се работи „за цртањето на „Џоконда“, или за приковување на полови органи на површината на Црвениот плоштад“.
Притоа, Црквата не ја порекнува, туку напротив, ја поддржува самата творечка слобода. Како доказ, Легојда ги приведе зборовите на Светејшиот Патријарх, кој во својот доклад на Архиерејскиот Собор укажа на невозможноста да се поставуваат строги норми, кои обврзуваат на кој начин човек треба да се однесува кон некоја книга, спектакл или филм. Исклучоци за тоа правило се само случаите, каде што има очигледно исмевање над светињата.
Извор: Православие.ру