И покрај тоа што паѓаш повторно и повторно, стани пак. Повикани сте на небесен пат. Не е чудно за некој кој трча да се сопнe. Потребно е само трпение и покајание во секој момент. Затоа, секогаш направи покајание кога ќе згрешиш и не губи време, бидејќи колку подолго ќе чекаш да побараш прошка, толку повеќе ќе му овозможиш на лукавиот да ги шири своите корени во тебе. Не му дозволувајте да пушти корени на ваша штета. Затоа, не очајувајте кога ќе паднeте, но станете со нетрпение и направете метанија велејќи: “Прости ми, драг мој Христос. Јас сум човек и слаб. “… Така што секој пат кога ќе паднете, станете повторно и веднаш побарајте прошка. Не криете тага во срцето, бидејќи тагата и очајот се радост на лукавиот. Тие ја полнат душата со горчина и раѓаат многу зла.
Старец Јосиф Исихаст
Превод: Дамјан Божиновски