Наградување на игуменот Методиј (Петров) со орден на преподобен Серафим Саровски на Руската Православна Црква

Изминативе години, кои ги поминавме заедно, отец Методиј 20 години служи во свештенички чин, и јас и отец Методиј сме заедно уште од првиот ден на Валаам. Пред мои очи, многу луѓе кои биле сосема рамнодушни кон Црквата, кои ништо не знаеле за неа, не се интересирале, благодарение на неговата срдечност, отвореност и самопожртвуваност, станале православни христијани, верни црковни луѓе. Тоа не може да не нè радува. А уште повеќе, што тие луѓе помагаат да се обнови нашата обител, да се обновуваат храмови и скитови, осквернети светињи.

„Мислам дека Господ ќе ги укрепи твоите сили, отец Методиј, ние се молиме за тоа. Да ти даде Господ сила, здравје да го носиш тоа не лесно послушание уште многу години“.

Како внимание кон усрдните пастирски трудови, по повод 20 годишнината од служење во свештенички чин и 55 години на игуменот Методиј (Петров), жител на Спасо-Преображенскиот Валаамски ставропигијален машки манастир, е удостоен со орден преподобен Серафим Саровски, на Руската Православна Црква. Основа за таа награда претставува посебниот придонес во возродувањето на храмовите и манастирите, пастирската и црковно-општествената дејност.

metodij

Човек е многу среќен, кога ќе може да исполни нечија прозба – вели отец Методиј. – Уште посреќен е оној, од кого ништо не бараат, но тој гледа дека ближниот има потреба, но од скромност се срами да побара, и човекот сам донесува одлука да му помогне. Но, веројатно, најсреќен човек на земјата е оној, кој израснува во себеси добар, чесен, уреден човек, за кого правењето добро е негов живот, негово дишење“.

Господ да му подари уште многу години во здравје, мир и благослов!

Извор: https://valaam.ru/publishing/13354/