Молитва за загинатите во терористичкиот напад во Санкт-Петербург

На 03 април, 2017 г., во северната престолнина на Русија, градот Санкт-Петербург, беше извршен терористички напат. Експлозијата се случи во градското метро, „Сенная площад“, во која животот го загубија 14 души, а 51 се повредени. 

Бог да ги упокои невино постраданите и да ги прими онаму каде што почиваат душите на праведните. 

Во прилог, ја пренесуваме проповедта од панихидата за починатите, од ректорот на Санкт-Петербургската Духовна Академија, архиепископот Амвросиј Петергофски: 

Драги петербуржци, отци, мајки, браќа и сестри!

            Денес, во нашето големо семејство од северниот град се случи трагедија. Во метрото од експлозија загинаа луѓе. Неколку десетици ранети. Уште повеќе – ја живеат загубата на своите роднини и блиски. Ужасот од тоа што се случи, не може да се смести во свеста.

Кој, чии амбиции и цели стојат зад ова злодело, засега не знаеме. Сепак, сосема јасно е едно: жедта за власт, пари и продажба за нив на својата душа на ѓаволот – тоа е вистинската причина за безумството и злосторството на овие луѓе, кои разрушително истапија против Творецот, кој им подарил на луѓето живот и слободна волја.

Да Му го врачиме судот над нив на Оној, по Чиј дар пружија раце убијците кон невините луѓе.

Денес не зборуваме за престапниците пред Бога и човештвото, туку за оние кои страдаат и се мачат од душевна и телесна болка. Кога го познаваш човекот, кој има потреба од помош и утеха, кој им верува на твоите зборови и дела – полесно е да му помогнеш. Ако пак не го познаваш – зборовите губат сила. Но, не можат да останат бездејствени искрените срдечни воздишки и молитви. Тие им се пренесуваат на страдалниците на невидлив начин, и барем на кратко ја стишуваат болката.

04.04.2017_tehno_4

Денес Санкт-Петербургската Духовна Академија е заедно со вас, драги браќа и сестри! Ние, светшенослужителите, професорите и студентите, се собравме денес во храмот за да мислиме и да се молиме за вас, драги луѓе, да го испросиме благословот Божји за она, кое со своите сили и можности можеме сеуште да го направиме за вас.

Молитвата сега ни е особено потребна на сите нас. Таа ќе му помогне на секого од нас, на своето место да му послужи на другиот, да најде зборови на утеха, да ги пренесе преку поглед, допир, да ја раздели срдечната болка.

Господ ги примил во Своите раце оние, кои ненадејно по зла човечка волја беа лишени од свештениот дар на животот. Покој и спомен да наследат во бесконечниот живот во вечноста! Да се молиме за загинатите.

Колку и да ни е тешко сега, не смееме да се поколебаме во нашата надеж, дека пред секого од нас – е вечната Пасха.

Со молитва за вас,

Архиепископ Петерговскиј Амвросиј

Ректор на Санкт-Петербуржската Духовна Академија.

Извор: http://spbda.ru