Гласот е сила, Теодуле. Но силата е во молчењето. Зависи кој зборува и за што зборува, и кој ќути и за што ќути. Гласот на злосторникот и гласот на светителот Божји, нема иста сила. И молчењето на разбојникот кој смислува зло, не е исто со молчењето на добриот, кој за добро мисли. Кога Бог Отецот му говореше на Исус: „Сум Те прославил и пак ќе Те прославам“, уплашениот народ извика: гром загрми. А кога на Пророкот Илија му говореше на Бог на Хорив, му говореше со тивок и танок глас. Каков беше гласот Исусов? Понекогаш тивок, понекогаш јак, понекогаш страшен, но секогаш прониклив до с`ржта во коските и гламурозен. Од таквиот глас се исуши бесплодната смоква, од таквиот глас растат цвеќиња насреде ѓубре и трња. Гласот на Синот Божји како и гласот на Отецот.
Молчењето Исусово, најдолго е во поглавјето на неговиот живот на Земјата. Триесет полни години тој ги исполнил во молчење. Тој сакал да ја исполни законската правда, како што рекол му Св. Јован на Јордан: „Остави сега, бидејќи ние треба да ја исполниме секоја правда“. На Истокот, законот бил, никој да не се декларира како учител на народот пред да наврши триесет години. И оваа правда Исус сакал да ја исполни и затоа молчел до својата триесетта година. На Запад нема толкаво ограничување, туку и децата со навршени 20 години, наменети се за учители, судии и книжевници. А кога ненаучените и неискусните го водат својот народ, не може да се очекува добро. На Исток, луѓето побрзо се развиваат одошто на Запад, и поскоро достигнуваат духовна и телесна зрелост. Познато е дека во Арабија и Индија бракот се склучува на 12 годишна возраст. И наместо и на Запад да се задржи во сила оваа источна норма, никој да не може да го учи народот пред својата 30 годишна возраст, дури и да се зголемува во сооднос, таа е наполно укината. И така се остварија зборовите од Библијата „И децата ќе ви бидат судии“. Само еднаш, во текот на своите 30 години, Господ Исус Христос го прекинал своето молчење. Кога имал 12 години, на празникот Пасха во Ерусалим, Тој се нашол во храмот меѓу учителите и старците, ги сослушувал и им поставувал прашања. И сите кои го слушале, се восхитувале на неговиот разум и одговори. Три дена го барала Неговата мајка, Пресветата Дева Марија со Јосиф, додека најпосле го нашле во храмот. „Зошто ме баравте“ им рекол Тој. „ Зар не знаете дека треба да бидам таму, каде што е мојот Отец“. А тие тоа не го разбраа. И слезе со нив, и отидоа во Назарет, и им беше послушен, и напредуваше во премудроста, и растеше во милоста со Бога и со луѓето. Зошто бил овој прекин на молчење на Исус на 12 години, Теодуле? И зошто оваа сцена во храмот, пред учителите на законот и старците еврејски, кога тоа нема никаква врска со подоцнежната Неговата учителска мисија? И зошто Евангелистот Лука го запишал тоа? Така сакал Бог Отецот, кој е одраз на Својот Син Исус Христос и гледа далеку во иднината. Отецот предвидел дека вечните гонители и клеветници на Неговиот Син ќе ја рашират лагата за Исус, дека младоста ја поминал во Индија и дека од јогата и факирите научил мудрости и вештини како да прави чуда. Или зар не си прочитал, Теодуле во огромната клеветничка литература против Исус, книги со наслов „Исус Во Индија“ или „Исус меѓу Индиските Јоги“ или „Исус во Тибет“ итн? Целта на неверниците и клеветниците, кои се ков на Јуда е јасна: да докажат дека Исус Христос ништо ново не рекол и дека ништо оригинално не направил, што пред него не е речено и направено во Индија. На тој начин, тој не е ни Месија, ни Спасител на светот, ни воплотен Бог, но е Индиски ученик и еден од безбројните Индиски филозофи и јоги. ОДнапред да се поткопаше тоа, и христијаните за да не би се збуниле пред вакви измислици и клевети, по Божја промисла, дванаесетгодишниот Исус се појавил во Ерусалимскиот храм пред еврејските учители и старци и ги изненадил со својата мудрост. И пак, по Божја промисла таа сцена ја запишал Светиот Лука во своето Евангелие. Значи, Исус во своите 12 години бил во Назарет, со своето семејство во својата куќа, и уште тогаш Тој бил мудар, премудар, немајќи потреба од никаква Индија, за да го научи на мудрост. Да бил во Индија пред тоа? Тоа е незамисливо. Што би правело дете под 12 години во Индија, каде во манастирите не се примале деца? Покрај тоа, што е уште појасно од описот на Лука, дека Исус пред својата 12 година одел во Ерусалим секоја година со родителите за празникот Пасха. А дека Исус ни подоцна, измеѓу својата 12 и 30 година не патувал во туѓа земја, доволно се гледа од Евангелските зборови. Право се гледа дека Марија и Јосиф многу се грижеле за него, и дека не можеле лесно да ја поднесат разделбата со него ни за два-три дена. И му рече: „Сине што ни направи така? Зошто се одвои од нас на неколку дена. Еве јас и татко ти со страв Те баравме“. Грижлива и нежна мајка. Зар така грижливи родители би дозволиле Исус оди во Индија, а да не отидат со него, ако веќе морало да се оди? Тие со него во Египет бегале од крволочниот Ирод, и со него во Египет живееле. И друго, боговдахновениот евангелист пишува, дека после појавувањата на Исус во Ерусалим, тој слегол со нив во Назарет и им бил послушен, и напредувал во мудроста и растел со Бога и со луѓето. Останал и понатаму во Назарет до својата 30 година, послушен на својата мајка и на својот татко Јосиф, трудејќи се како занаетчија во дрводелската работа и во молчењето. Навистина, немал што да учи тој во Индија, ни во Египет, Елада, ниту во која било земја, па дури и во Палестина, Својата татковина. Туку се учел во земјата на тишината, во својата душа, во која пребивал Духот Божји. Тој исти Дух Божји преку кој е зачнат телесно во утробата на Својата света Мајка, не ја оставил ни за миг неговата душа. Така, тој растел во премудрост од Светиот Дух, и не требало никој да го учи. Научен од Светиот Дух, тој знаеше што има во секој човек, и не требаше никој да го учи. И на што тој можел да се научи во Индија, кога многу од нас знаат тоа што го знае Индија и со тага се гледа дека тоа не е доволно? Индијците кажуваат: Воплотувањето на Бога и јавувањето како човек не ни е непознато. Бог Кришна многу пати се воплотувал на земјата, одел меѓу луѓето и ги поучувал. Ама на што ги научил? И од што ги спасил, кога и ден денес Индија, земјата Кришнина, се дави во јад и очајание, воздивнува од овој живот и чезнее за Нирвана? Каков е тој Бог, кој толку често се воплотува и оди по земјата, кога не може да ја промени човечката судбина на подобро? Па велат, и бог Шива многу пати се има воплотено и живеено меѓу луѓето и проповедано. Што учел тој? Ништо освен очајно уверување, дека овој свет е временски бесконечен, и останува во лавиринт без врата и прозорец. И дека сите богови се исто очајни и беспомошни битија како и луѓето. Тоа го потврдува и Буда кога рекол дека дошол да спасува и луѓе и богови и демони од самсарата на битието и живеењето.
Теодуле, нашата мајка Индија нема на што да нè научи. Таа мора да ги отфрли сите басни за своите богови, кои не можат да се спасат ни себе си а и ни луѓето. Сите богови нивни се демони, кои ги држат луѓето во мрежата своја и во оковите на своите немилосрдни власти. Нашата мајка Индија мора да го прифати оној Бог, кој е толку моќен, семоќен, да му е доволно само еднаш да се јави во тело како човек меѓу луѓето, па да изврши спасение на родот човечки. Затоа Бог не е, како човек гувернер на една област кој мора многу пати да посетува еден град и да го поправи мостот во тој град, па потоа мостот пак да остане непоправен. Туку Бог е Бог, еден и единствен, семоќен, семудар, сеправеден, семилостив, вечен, неодолив, страшен, пречист, човекољубив.
Воплотувањето на таквиот Бог во светот е датум кој не се повторува во човештвото, ниту пак во историјата на Универзумот. Таков Бог, кому е сè возможно што би намислил и што би рекол, се јави во светот пред отприлика 2000 години. Како Син на Бога Севишниот, и како Бог од Бога, Он се воплотил од Светиот Дух и Дева Марија, го роди во пештерата во Витлеем. Триесет години ги помина во молчење, во беспрекорно општење со својот Отец и со Светиот Дух додека во одредено време не одговори на својата мисија во светот. Тој е единствен вистински Месија и Спасител на светот. Ниту друг дошол, ниту може да се очекува…
Извор: http://www.verujem.org
Превод: Андреј Талевски