Митрополитот Волоколамски Иларион (Алфеев) со коментар за обраќањето на Митрополитот Филарет

На 30 ноември, 2017 г., Архиерејскиот Собор на Руската Православна црква го ислуша писменото обраќање на бившиот митрополит Киевски и Украински Филарет до Светејшиот патријарх Московски и Руски Кирил и епископатот на РПЦ од 16 ноември, и донесе Резолуција во врска со обраќањето.

Коментирајќи ги погрешните вести во медиумите, кои се појавија брзо по појавувањето на Резолуцијата, претседателот на Одделот за надворешни работи на Московската Патријаршија, митрополитот Волоколамски Иларион изјави: „За жал, медиумот „Интерфакс“ во својата вест неписмено ја пренесе суштината на писмото, испратено од поранешниот митрополит Киевски Филарет до Светејшиот Патријарх Кирил и епископатот на Руската Православна Црква“.

preview20171130-PAL_3994-обр

„Поимот „помилување“ не влегува во канонскиот лексикон на Православната Црква и не беше употребен во добиеното писмо – појасни митрополитот Иларион. – Во него имаше молба за анулирање на „сите решенија, вклучувајќи ги забраните и одлачувањата… заради достигнување на Богом заповеданиот мир меѓу едноверните православни христијани и помирување меѓу народите“.

Писмото заврши со зборовите: „Барам прошка за сè што згрешив со збор, дело и со сите мои чувства, а и самиот од сесрце искрено ви простувам“.

„Тие зборови, од членовите на Архиерејскиот Собор беа сфатени како сведоштво за подготвеност да се започнат преговори за надминување на жалната разделба, која трае веќе четврт век. Имено, за водење на преговори, а не за некакво „помилување“, од Соборот беше формирана комисија“, – забележа претседателот на ОНР (во погореспоменатата Резолуција, на Архиерејскиот Собор е укажано, дека формирана е комисија за водење на понатамошни преговори со одделените од црковното општење).

„Сметам дека е многу важно, лицата кои понатаму ќе бидат вклучени во преговорите, да не реагираат на извитопереното пренесување на црковните вести по медиумите. Официјалната позиција на црквата е изразена во соопштенијата, изнесени од црковната власт и објавени од Црквата на сопствените информациски извори“ – заклучи Митрополитот Иларион.

 

Извор: http://www.patriarchia.ru/db/text/5074752.html