Она што го здобиваме од постот не се надоместува со она што го губиме во гневот. Нашата придобивка од читање на Светото Писмо во никој случај не се споредува со штетата што си ја нанесуваме со презирот кон нашиот брат.
Ние мора да вежбаме со пост, бдеење, повлекување, и созерцување за Писмото, како активности кои се подредени на нашата главна цел, чистота на срцето – која е љубовта, и не смееме да ја нарушуваме оваа основна доблест за доброто на другите. Ако оваа доблест остане цела и неповредена во нас, ништо не може да ни наштети, ништо, дури и ако сме принудени да изоставиме било која од тие други подредени доблести. Ниту ќе биде од некаква полза да ги практикуваме сите други споредни доблести, ако во нас недостига таа основна цел заради која што сè друго се презема.
Свети Јован Касијан Римјанин
Превод: Дамјан Божиновски