Не сум сигурен,
А слушнав од некаде
Не е најприфатен
А се употребува од немајкаде
Го донесе човек со себе
Го понесе од мирно место
Не за да Те нажали Тебе
Туку во срце да направи место
Ете сега, отров му било
Потешкотија претставувало
Во живот го ограничувало
Слобода не му давало
Мудрите велат
Лек тоа било,
Не единствен, не од одметнат
Но од многуте избор се направило
Избор, сепак човек одлучил
Како најмал, наједноставен
Бидејќи мудроста не ја возљубил
На себеси бил оставен
И сега,
Што може од тело да се роди
Што може од прашина да изникне
Што ум кој од трезвеност не се води
На овој свет може да донесе ?
Лек одбрал од безумие
Лек од лудости
На мудрост спротивности
За друг – гајле не ми е
Болка,
Болка, болести
Во срце, во душа немилости
Во пијанство нетрезвености
Болка во грло втисната
Во гради вметната
Ум ослепила
Очи затворила
Ајде,
Кога друг избор не се избори,
Можеби на пат прав ќе се врати
Или ќе бидеме партнери
Кога земјотрес ќе надвисни
Вечерва иста трпеза,
Напади на неискусни
Одбрана на досадни
Силни облечени во красти
Моќни лепрозни накитени
Сè на сè – жални
Опиени од болести
Насекаде шетаат како авети
Погледни Седржителу
Пристапи Лекару
Вразуми волја наша
Која избра лек за душа
Ти, Кој нам ни дари слобода
Привремена смрт како опојка
Од Љубов Твоја само боли глава
Кога волја не прати става
Кога сами се лекуваме
Само повеќе потонуваме
Од лековит јарем отпушти нè
Патот да го фатиме
Додека денот не одмине.
(Од збирката богољубива поезија „Манастирски води“, на сестринството
при Слепченскиот Претеченски манастир)