Зaшто Јона беше слуга, но Јас сум Господар; и тој дојде од големата риба, но Jас воскреснав од смртта. Тој објави уништување, но Јас ја проповедам добрата вест за Царството. Ниневијците навистина веруваа без знак, но јас ви покажав многу знаци. Тие не слушнаа ништо повеќе од тие зборови, но јас направив да биде невозможно да се негира вистината. Ниневијците дојдоа за да бидат послужени, но Јас, Господарот и Господ на сè, не дојдов со закана, не дојдов барајќи сметка, но носејќи помилување. Тие беа варвари, но овие – верните – се преобратија со необроени пророци.И за Јона ништо не беше проречено однапред, а за Мене сè беше проречено, и сите факти се сложуваат со нивните зборови. И Јона навистина, требаше да оди да проповеда, но избега за да не биде исмеван. А Јас, знаејќи дека ќе бидам распнат и исмеван, сепак дојдов. Додека Јона не издржа многу укор за оние, кои требаа да бидат спасени, Јас поминав и низ смртта, најсрамната смрт, и по ова праќам други повторно. И Јона беше чудна личност и туѓ за Ниневејците, и непознат, но Јас роднина по тело и од истите предци.
Свети Јован Златоуст
Превод: Дамјан Божиновски