Евхаристијата е дејство со кое група на луѓе стануваат нешто заедничко, кое тие не биле како збир на поединци. Тоа е суштинскиот став, и од суштинско значење на Црквата, која е новото човештво, обновено од страна на Христа, еден трансформирачки чин, и едно растечко движење.
Евхаристијата е поворка на Црквата по Христовото вознесение.
Евхаристијата е патување на Црквата во димензијата на Царството.
Евхаристијата е вистинска одвоеност од светот.
Евхаристијата е влезот на Црквата во радоста на својот Господ.
Евхаристијата е Христос, Самиот.
Отец Александар Шмеман
Превод: Дамјан Божиновски