Нов предизвик фрлен пред православните во Турција, од претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој изјави дека ќе се моли како муслиманин во храмот Света Софија во Цариград, на 14.04.2017 г. (Велики петок), соопштува АгионОрос.
Исто така, Ердоган тврди дека указот за пренаменувањето на џамијата Аја-Софија во музеј, потписан од Кемал Ататурк – е подметнат…
Ердоган не е оригинален во своите обиди да го оспори указот на Ататурк: претходно, турскиот историчар и писател Мустафа Армаган исто така тврдел во својата книга, дека потписот на Кемал Ататурк под актот за признавањето на храмот Света Софија како музеј е лажен. Армаган исто така објавил, дека Софискиот храм бил претворен во музеј по „барање на американците“, и наводно, американските дипломати извршиле притисок на властите во Турција во таа насока.
Ердоган е солидарен со тврдењата на Армаган и сака да го потврди тоа, со тоа што ќе направи намаз во Света Софија на Велики петок, 14 април, на што безусловно, ќе се гледа негативно во православниот свет.
„Претседателот на Турција Реџеп Теип Ердоган ќе одржи муслиманска вечерна молитва во петок, спроти 15 април, во Света Софија, заедно со целата влада и главните чиновници“ – пренесуваат турските медиуми, повикувајќи се на извор од турската влада, кои исто така уточнуваат, дека „тоа ќе биде настап против крстоносците“ и симболички акт на трансформација на музејот во активна џамија.