На 10.12.2017 г., во Дваесет и седмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Јаков Персијанец; Седумнаесет Индиски преподобни маченици; Преподобен Роман Чудотворец; Преподобен Пинуфриј; Преподобен Натанаил; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Битола.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Сето човештво може да се раздели на два дела: фарисеи и митари. Првите загинуваат, вторите се спасуваат. Чувајте ја свеста за својата гревовност. Тоа е најскапоценото пред Бога. Што го спасило митарот? Секако, осознавањето на својата грешност: „Боже, биди милостив кон мене грешниот!“ Тоа е молитвата, која трае веќе два милениуми. Но гледајте, митарот знае дека е грешен, но истовремено се надева на милоста Божја. Без надеж не можеме да се спасиме.
Преподобен Варсануфиј Оптински