На 26.11.2017 г., во Дваесет и петтата недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на Свети Јован Златоуст; Светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манета; Преподобниот маченик Дамаскин; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Георгиј во Ресен.
На Литургијата, во протопрезвитерски чин беше ракопроизведен јерејот Горан Кутлешовски.
На Божествената Литургија присуствуваше и новиот градоначалник на Општина Ресен, г-динот Живко Гошаревски со неговото семејство.
Верниот народ, се причести со Светите Христови Тајни.
„Сеопфатната промисла Божја се простира како на сиот свет, така и на секого од нас посебно“
Преподобен Макариј Оптински