Духот – прва мисла

Незадржлив
Секаде присутен
Неподмитлив
Вистината го прати везден.

Не отстапува од нас
живи биле или умртвени,
Слухот го врти кон нас
Знае дека не сме постојани.

Не се бори против лагата
Нè остава да ја одбериме страната,
Одамна ни посведочи
честопати слепи сме при очи.

Молба не ни принесува
Само на чистина не очекува
Совеста точно тој ја буди,
Но со сила не нè принуди
Да бидеме мудри.

Изборот од Советот даден
Прифатен и на човекот подарен,
Направи да немаме оправдување
За тоа што не се преумуваме.

Играчки за деца малолетни
често правиме од нашите мигови,
А само кога ќе згусти
Одиме со глави наведнати.

Пријди
Духу на Вистината,
Од Тебе барам – види
Нека не ме поштеди поправката.

Лекару на мојот ум
Не отстапувај од мене молчешкум,
Лажни радости не подавај
Умување мое зауздај.

Здив да немам
Ни дење, ни ноќе,
Мир да имам
Само Тебе кога Те сведочам
Во беспаќе.

0-02-05-e1fa403001393214dc7f9437a50f0775a2271c2253efd41bbf3a70b6a3c1b616_full

(Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на Слепченскиот Претеченски манастир)