Човекот, преку молитвата, „Да дојде Царството твое, да биде волјата Твоја,“ го зближува Божјото Царство поблизу до неговиот свет, до степен до кој тој постанува како Христа, преку неговиот труд и учество во Животот на Светиот Дух. Преку неговото покајание, човекот започнува да го актуелизира Царството Божјо во себе; тоа започнува да тече од него како жив извор ( Јован 7:38), кој преобразува, осветува, и го преуредува целиот свет околу него… Како што човекот продолжува да ja зголемува заедницата со Бога, исто така, светот околу него започнува да се обновува; што истовремено ја наоѓа својата преобразба, преку заедништвото со верникот кој е дел од Христовото Тело, како што Христовата облека блескала на Тавор преку допирот со Неговото тело… Преку овој светоатински-аскетски живот на Црквата, човекот започнува да го гледа Бог во сите нешта, во секој момент, во рамките и надвор, преку чистотата на неговото срце. Бог се гледа во и преку Христос во Неговата Црква, активно помирувајќи, преобразувајќи и обожувајќи го човекот. Човекот, како врховен свештеник на созданието, работи соработувајќи со Бог, преку канонската традиција и Литургијата на Црквата, нудејќи го созданието назад на Создателот.
Архимандрит Сергеј
Превод: Дамјан Божиновски