На 02.07.2017 г., во Четвртата недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на светиот отец наш Јован Шангајски, Битолски, во храмот Света Троица (Руската црква) во Битола, каде се одвивало неговото служење како јеромонах, беше отслужена Празнична Утрена и Божествена Литургија.
На Литургијата чиноначалствуваше Архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор о. Никола Грамбозов. Помазани со масло од кандилото на светиот Јован Шангајски, верните го понесоа неговиот благослов и му заблагодарија на Бога.
Свети отче наш Јоване, не престанувај да се молиш на Бога за нас!