Архиерејскиот собор на РПЦ, кој се одржува овие денови во Москва, го ислуша писменото обраќање на бившиот митрополит Киевски и Украински Филарет до до Светејшиот Патријарх Кирил и епископатот на Руската Православна Црква.
Во писмото изразена е молба за обновување на евхаристиското и молитвеното општење со христијаните, кои се наоѓаат во украинскиот црковен раскол, и за анулирање на „сите решенија, вклучувајќи ги забраните и одлачувањата… заради достигнување на Богом заповеданиот мир меѓу едноверните православни христијани и помирување меѓу народите“.
Писмото завршува со зборовите: „Барам прошка за сè што згрешив со збор, дело и со сите мои чувства, а и самиот од сесрце искрено ви простувам“.
Архиерејскиот Собор со задоволство го прими обраќањето како чекор кон надминување на расколот и востановување на црковното општење со оние, кои некогаш отпаднале од единството со канонската Украинска Православна Црква.
За водењето на понатамошните преговори, Соборот назначи комисија во состав на: митрополитот Волоколамски Иларион (претседател), митрополитот Борисполски и Броварски Антониј, митрополитот Каменец-Подолски и Городски Феодор, митрополитот Лугански и Алчевски Митрофан, протоереј Николај Балашов, протоереј Николај Данилевич, протоереј Игор Јакимчук (секретар).