По повод одбележувањето на Патрониот празник, НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, а по покана на библиотеката, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар присуствуваше на организираната свечена прогарама.
На свеченоста присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола, г-ѓа Наташа Петровска, како и други ценети гости.
Како дел од одбележувањето беше предавањето и видео презентацијата со наслов „Моќта на буквите“, одржана од м-р Александар Гулевски. Гулевски го претстави начинот на создавање на буквите во глаголицата, а вработени од библиотеката промовираа најнови изданија на таа установа. Библиотеките како книгохранилишта се столб на општеството, бастионна писменоста и чувари на културното наследство и пишаниот збор, истакна директорката на НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.
-Денешните библиотеки ги прераснаа своите првобитни функции и израснаа во мултифункционални центри, препознатливи во своето опкружување по креативни и современи програми за сите корисници. Името на Свети Климент инспирира да бидеме вистински чувари на културното наследство на нашите просветители. Иднината е светлината кон која одиме низ животот, а факелот со кој ја осветлуваме е во нас библиотекарите, рече меѓудругото Петровска на патрониот празник на библиотеката во овој град.
Според востановената традиција, на денот на патронот, во НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола беа промовирани најнови изданија, односно Библиографија на магистерски и докторски трудови одбранети на УКЛО-Битола во периодот 1991-2016 година, списанието „Библиотечен тренд“ и Зборник од 12. Роднокрајна средби на битолските писатели во Македонија.
Извор: http://setaliste.com.mk