На 10.09.2017 г., во Четиринаесеттата Недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на Преподобен Мојсеј Мурин; Преподобен Сава Псковски и Крипецки; Собор на сите Печерски богоугодници; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот посветен на Светите Архангели, во Довлеџик.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.