Археолози го пронајдоа НОЕВИОТ КОВЧЕГ – известуваат медиумите

 

 

Истражувачите, претставници на организацијата NAMI (Noah’s Ark Ministries International), изјавија, дека „со веројатност од 99,9 проценти“ успеале да најдат фрагменти од библискиот Ноев ковчег. По зборовите на специјалистите, дрвените даски се сочувале меѓу слоевите на снег и вулканските карпи на планината Арарат во Турција, соопштува Московский Комсомолец.

Специјалистите, повикувајќи се на резултатите на јаглеродното датирање тврдат, дека староста на пронајденото дрво надминува повеќе од 4800 години, пренесува Daily Express. Според нивните тврдења, на даските може да се видат испакнатини, слични на жлебови, кои особено се применувале во градбите пред појавувањето на клинците. Должината на пронајдените објекти, по зборовите на претставниците на NAMI, претставува 20 сантиметри, а на други – и до 20 метри. Бараните „делови од Ноевиот ковчег“ успеале да ги пронајдат на висина од 4 километри над нивото на морето.

Вакви соопштенија, за пронаоѓањето на Ноевиот ковчег, се појавија и порано – поточно, во 2010 г. Тогаш, многу експерти се однесувале кон оваа новост крајно скептички, – повикувајќи се на тоа, дека во ниту едно цензурирано научно издание не се појавиле публикации посветени на пронајдокот, што би значело и негово признание од научното општество – прес-известувањата сами по себе не се реален доказ за археолошките откритија. Покрај тоа, некои специјалисти ја коментирале новоста, дури и вестите за староста на дрвото да се точни, јаглеродното датирање би можело да се спроведе погрешно и да даде погрешни резултати – повторно, отсуството на научната статија во научните весници не дозволува со увереност да се тврди спротивното.

Покрај тоа, некои научници тогаш изјавиле, дека на планетата не би стигнало вода, за ковчегот да се подигне на таква висина.

Извор: http://www.pravoslavie.ru/103809.html