Се среќаваат двајца познаници. Едниот образован христијанин, другиот не. Учениот почнува да проповеда:
– „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа при Отецот освен преку Мене…“(Јн. 14)
„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството Небесно. Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат“… (Мт. 5)
„Барајте и ќе ви се даде. Чукајте и ќе ви се отвори“…
Другото момче размислува:
– Не ја разбирам оваа суета…
Одејќи понатаму, сретнуваат парталав питач крај патот.
Момчето го прегрнало и рекло:
– Не знам многу, но едно знам сигурно… Бог те љуби. Ајде, најпрвин, да одиме и да каснеме нешто.
Учениот: – Не е малку премногу валкан за да го гушнам?
(домашна задача: најдете го христијанинот во приказната)
Подготви: Д. Б.