На 12.11.2017 г., во Дваесет и третата Недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Благовештение во Прилеп.
На Литургијата, во ѓаконски чин беше ракоположен чтецот Тони Кузмановски од Крушево, дипломиран теолог.
Нека му е честита и од Бога благословена службата и многубројни плодовите од неговиот труд.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.