Господ е со нас. Што повеќе можеме да посакаме? Господ го создаде човекот за да може да живее и да ужива во Него засекогаш – за да бидеме со Него и во Него. И Господ посакува да биде со нас, и во нас. Господ е нашата радост и веселба, а кога нашата гордост не тера да се тргнеме од Него, тоа значи дека по наша сопствена волја си нанесуваме страдање. Болка на срцето, потиштеност и лоши мисли нè раздеруваат.
Св. Силуан Атонски