Во издаваштво на Преспанско-пелагониската епархија, во пресрет на Неделата на жените мироносици, излезе новата електронска книга „Жените во Светото Писмо на Новиот Завет“. Во целост, книгата може да ја прегледате на линкот подолу:
„На љубовта не и треба закон. Љубовта е Закон над законите. Таа е новиот Закон или Новиот Завет Христов. „Знаеме, дека на оној, кој го љуби Бога, се му оди добро“, – вели апостолот. Патот на љубовта може да биде со препреки и тешкотии, но и по Словото Божјо, и од опитот човечки, тој пат сигурно води кон вечните добра.“
(Извадок од „Касијана“, 1оо слова за Божествената љубов)
Голема благодарност за несебичниот дар на авторот на овој труд, Ана Милошеска.