Како можe природата и сè што е во неа да е толку мудро организирано и да се движи во толку прекрасен ред? Тоа е така, бидејќи Создателот Сам го води и управува. Како е можно тогаш кај човекот, круната на созданието да има толку неред? Зошто постојат толку многу нерегуларности и деформитети во неговиот живот?
Затоа што тој презеде одговорноста да се управува самиот себеси, спротивно на Волјата и Мудроста на неговиот Создател. Грешен човеку! Предај се целосно, целиот свој живот на Господ твојот Бог, и целиот твој живот ќе се движи во мудар, убав, и животодавен ред, и ќе постане убав како животите на Божјите Светители, кои се дале себеси целосно на Христос, нивниот Бог, и кои Црквата секојдневно ни ги нуди, како пример за подражавање. – Св. Јован Кронштадски
Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? (Мт. 6, 26)
Превод: Дамјан Божиновски